Македонија

Силен ветер над 80 км/ч, дожд и заладување – од понеделник температурите ќе паднат и под нулата

Силен ветер над 80 км/ч, дожд и заладување – од понеделник температурите ќе паднат и под нулата

Променливо и нестабилно време со утрински врнежи од дожд, силен ветер и постепено разведрување се очекува во Македонија. Во западните делови од земјава ќе дува повремено силен ветер од западен правец, со брзина што на одредени места ќе надминува 80 километри на час.

Во утринските часови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот постепено ќе престануваат, по што ќе следува разведрување и повеќе сончеви периоди.

Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, а во западните региони повремено ќе има и силни налети.

Во Скопје утрото ќе започне со облачно време и можност за дожд, додека во текот на денот се очекува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот повторно се најавува нестабилно време, со променлива облачност и повремени врнежи од дожд, чиј интензитет ќе се менува во зависност од подрачјето.

Слични временски услови ќе се задржат и на почетокот на следната работна седмица.

Поголема промена на времето се очекува од понеделник, кога под влијание на ладен воздушен бран температурите ќе почнат значително да се намалуваат.

Заладувањето ќе продолжи до средината на работната седмица, а на одредени места се очекуваат и температури под нула степени.

Граѓаните во наредните денови ги очекува премин од релативно променливо и ветровито време кон постудени временски услови, со можност за утрински мраз во подрачјата каде што температурите ќе се спуштат под нулата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни