5 најевтини земји: Ова се вистински места за во пензија

Статистиката на населението во САД во последните неколку години покажува дека Американците се повеќе одлучуваат да се пензионираат во странство.

Дури 8,7 милиони од нив се селат или се пензионираат во странство. Кој е за тоа “виновникот”?

Ниски цени и подобар стандард, особено за времето на животот кога ви е доста од се, а приоритет е „да пиете коктели со поглед на море“.

Без разлика дали имате 25 години или само еден месец до пензија, сигурно ви паднало на памет колку би било убаво да живеете еден ден покрај плажа.

Истражувавме листа на земји кои се сметаат за финансиски достапни, земајќи ги предвид домувањето и комуналните услуги, како и деталите за животот, како што се транспортот и храната.

Трошоците за паровите во овие земји одат до две илјади евра или малку помалку, додека за слободните лица трошоците за живот паѓаат под илјада евра. Ако на почетокот изгледа многу, не заборавајте дека во овој случај би живееле во една од тропските земји.

  • Костарика

Оваа централноамериканска земја е „мека“ многу години за емигранти од целиот свет. На шпански, „Костарика“ значи богата земја, и така некако ја сугерира реалноста на животот во оваа убавина. Костарика е омилена поради нејзиниот начин на живот „pura vida“, животот како што е во најудобното темпо, каде што единствената грижа ви е дали да го фатите зајдисонцето тој ден.

Исто така, таа е една од најевтините земји за „фаќање“ на недвижен имот во близина на брегот. „Central Valley“ или Централната долина на Костарика е место каде што ќе најдете умерена клима и бујна зелена глетка заедно со безбедни станбени заедници, одлични ресторани и квалитетна здравствена заштита. Не грижете се, кристалните плажи оддалечени се со кратко возење. Да, ќе биде најпаметно да имате посилно возило таму додека се пробивате низ правливи патишта, но токму затоа Костарика е автентично парче рај.

  • Панама

Друг скапоцен камен на Централна Америка е омилен меѓу имигрантите кои доаѓаат од север. Панама често победува меѓу Американците кои сакаат да се пензионираат надвор од САД. Се наоѓа во близина, релативно е лесно да се добие живеалиште, може да се пофали со квалитетни здравствени установи, многу англиски говорители и американски долар како валута. Иако за Европејците и остатокот од светот, Панама е малку подалеку на картата, може да најдете придобивки од истите овие причини.

Покрај отвореноста за странци, панамските градови се многу динамични и возбудливи, дури и оние во планините носат интересен социјален живот, а плажите изгледаат исто како и на разгледниците. На пацифичкиот брег на Панама, малиот рибарски град Педаси привлекува со своите солидни, пространи плажи, пријателска заедница што зборува англиски и мрзлива рурална атмосфера. Велат дека овде може да живее еден човек со скромен буџет кој достигнува само 800 евра. Дали ви кажавме колку се прекрасни плажите на Панама? Па, затоа тој буџет не изгледа толку многу.

  • Камбоџа

Ако веќе не сте се преселиле во Централна Америка, тогаш веројатно размислувате за Азија како дестинација каде што би можеле да живеете удобно кога ќе одлучите да се пензионирате. Камбоџа можеби е далеку, но нејзината прекрасна глетка, култура и храна ги надополнуваат милјите.

Три години по ред, таа е прогласена за прва земја во категоријата трошоци за живот, што значи дека тука ќе најдете многу истомисленици кои се одлучиле за ефтин и возбудлив живот во странска земја. Додека главниот град Пном Пен (каде што можете да најдете модерен апартман со една спална соба за 200 евра месечно) привлекува многу имигранти, опуштеното крајбрежје е подеднакво примамливо, а многу меѓународни жители живеат во шармантното културно одморалиште Кеп.

  • Еквадор

И тука сме нешто пониско во Америка. Веднаш по Костарика и Панама, адут за удобен и евтин живот е Еквадор, земја во северозападниот дел на Јужна Америка на брегот на Пацификот. Сите што сакаат непречено темпо и недопрени плажи се испраќаат тука, бидејќи крајбрежниот појас брои километри и километри бескрајни „скринсејвери“.

Тука, исто така, се купува ефтино, и има изобилство свежа морска храна. Додека многу имигранти ја започнуваат еквадорската авантура во раздвижениот град Куенка (каде што трошоците за живот се околу 25 проценти од она што чини да се живее во некои помали американски градови, на пример), други се упатуваат директно кон морето, каде што избираат шармантна градови за одмор, но и мали тивки рибарски села.

  • Португалија

Тоа не е Америка, ниту Азија, но затоа е омилена земја на многу Европејци за живеење. Португалија е ценета по прекрасните километри плажи, шармантните места за риболов и можноста за сурфање на многу од нив. Имигрантите го сакаат поради неверојатниот квалитет на живот и можностите, и ако одлучите да живеете на помало место, можете да ја изнајмите целата куќа по цена од просечен стан во Скопје. Оние што бараат апсолутно најдобра вредност за парите, треба да се упатат кон тивката Мафра, на само 15 минути од плажите во близина на градот Ерикеира, концентрирани на сурфање.

Шармантната Ерикеира со калдрма улици и мал и жив центар исполнет со кафулиња, барови и една од најголемите национални палати во земјата, е интересна за многу странци кои обично престојуваат овде.