5 НАВИКИ НА РОДИТЕЛИTE НА СРЕЌНИ ДЕЦА: Си играат надвор, секогаш се тука да се гушкаат и разговараат, само една работа никогаш не ја прават!

Како да подигнете среќно дете? Експертите велат дека среќно дете е она кое сигурно знае дека е сакано, кое од мали нозе учи од примери како да се однесува кон другите, кое знае да го каже она што го чувствува и гради убави односи со околината.

Од самото раѓање, родителите ја играат најважната улога во „правењето“ среќно дете. Со пример ќе покажат што е најдобро, секогаш ќе бидат тука за детето и од семејството и домот, без разлика дали е голем или мал, ќе му го направат најубавиот свет. Ова се навиките на родителите кои воспитуваат среќни деца!

  1. Никогаш не ги потценуваaт чувствата на вашето дете

Детето можеби нема да може да каже како е, што сака или дали нешто не е во ред. Но, родителите тоа ќе го препознаат и почитуваат, никогаш нема да речат „ма, не ти е ништо“. Дури и со мали деца, добрите родители ќе се потрудат да слушаат и да се обидат да помогнат. Децата кои пораснале со сочувство и грижа за другите стануваат луѓе кои се однесуваат на овој начин.

  1. Прават семејна традиција

А не некој „голем“, важен, поврзан со некој празник или некој настан. Родителите на среќни деца можат да направат традиција од се. Без разлика дали станува збор за помфрит во недела за појадок, прошетка во четврток до одредено место или некоја активност што се прави дома, на овој начин детето се навикнува на дружење и убави работи на кои секогаш може да се радува. Ја прават традицијата на своето семејство и ја градат токму според нивните желби и потреби!

  1. Покажуваат љубов

Родителите можат да покажат љубов со зборови, но можат да покажат и мали гестови, прегратки, бакнежи… Омилено јадење кога детето е нерасположено или мала домашна веселба кога ќе постигне некој успех. Среќно дете е сакано дете, кое знае дека мама и тато се секогаш тука за него.

  1. Кога е тешко, играат – надвор!

Кога детето е нерасположено или луто поради нешто што се случило надвор од дома, најдоброто нешто што можете да направите е да го изнесете надвор. Физичката активност ќе му помогне да се ослободи од негативната енергија, а ќе ја зајакне вашата врска и на тој начин ќе му овозможи да го заборави грозниот спомен од тој ден, и да се сети колку му било убаво додека си играл. А следниот пат пробајте и ако сте имале напорен ден на работа или сте нервозни, веднаш ќе бидете расположени!

  1. Им ја покажуваат убавината на светот околу нив

Тие ги носат децата во природа, со нив гледаат слики или снимки од далечни, фасцинантни места. Ги учат за животните, птиците, но и за убавите нешта што ги нуди човечката фантазија. Тие им читаат, пеат и цртаат со нив.