53,5% од вчера тестираните во Тетово се позитивни на коронавирус

Тетово станува жариште на коронавирус. Над половина од тестираните вчера биле позитивни на вирусот, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Според тие податоци, 53,5% биле позитивни, од направени 43 тестови, 23 биле позитивни.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од  Гостивар (68г и 86г) и едно лице од  Скопје (82г), починати во болнички услови.