Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во летното издание на Click21 рече дека досега за време на протестите се повредени вкупно 54 полицајци.
„Знаете дека двајца беа потешко повредени, сега тие се на домашно лекување“, рече министерот Оливер Спасовски.
Тој апелираше да се почитуваат полициските службеници бидејќи тие се чувари на државата.