Педесет и петгодишен државјанин на Албанија починал во селото Карамани, битолско, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција врз неговото тело.
Случајот бил пријавен на 16 септември во СВР Битола, од каде информираат дека станува збор за Д.Т. (55) од Република Албанија.
Лекар од Итната медицинска помош во Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.