Свет

„Трамп зад решетки“: Необична инсталација привлече толпи граѓани во Техеран

„Трамп зад решетки“: Необична инсталација привлече толпи граѓани во Техеран

Необична уметничка инсталација на која американскиот претседател Доналд Трамп е претставен зад затворски решетки привлече големо внимание на плоштадот „Таџриш“ во северниот дел на Техеран, главниот град на Иран.

Во центарот на прометниот плоштад на 21 октомври била поставена импровизирана затворска ќелија, во која актер со маска на Трамп, облечен во темен костум и црвена вратоврска, го имитирал американскиот претседател.

Инсталацијата била поставена на висока конструкција над сообраќајницата, а минувачите застанувале за да го набљудуваат необичниот перформанс и да го снимаат со мобилните телефони.

На конструкцијата бил испишан и слоганот „Злосторство е да не се види оваа сцена“, со што организаторите дополнително ја нагласиле политичката порака на инсталацијата.

Реакциите на иранските граѓани биле поделени. Дел од присутните ја поздравиле инсталацијата и ја доживеале како сатиричен приказ на американскиот претседател, додека други изразиле загриженост дека зголемените тензии меѓу Техеран и Вашингтон би можеле да доведат до нов воен конфликт.

Некои од граѓаните посочиле дека Иран и понатаму треба да остане отворен за дипломатски разговори, но без отстапување од своите позиции.

Инсталацијата се појавува во период на затегнати односи меѓу САД и Иран, по воените судири и неуспешните дипломатски обиди за намалување на тензиите.

Необичниот перформанс предизвика интерес и на меѓународните медиуми, а снимките и фотографиите од актерот кој го имитира Трамп зад решетки се проширија на интернет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни