Македонија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради атлетска трка

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради атлетска трка

Во центарот на Скопје утре, 23 октомври, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржувањето на атлетската трка „23 Октомври“, која ќе започне во 8 часот наутро.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици, во зависност од движењето на учесниците на трката.

Стартот на трката е предвиден пред паркот „Жена Борец“, од каде што натпреварувачите ќе се движат по улицата „11 Октомври“, ќе поминат низ плоштадот „Македонија“ и ќе продолжат преку Камениот мост.

Потоа трасата продолжува по улицата „Иљо Војвода“, преку тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар.

Учесниците ќе се враќаат по истата патека, а целта ќе биде поставена пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена Борец“.

Поради спортскиот настан, се очекуваат привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот во централното градско подрачје.

МВР апелира до возачите и пешаците да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници, со цел безбедно одвивање на трката и непречено регулирање на сообраќајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни