6,7 милиони евра за анти-ковид вакцините, првите дози во јануари или февруари идната година

Владата обезбеди пари во Буџетот за набавка на вакцината и лек против Ковид-19, рекоа во дебата на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Според првиот човек на здравство пак, Венко Филипче, вакцината против коронавирус во земјава ќе пристигне во јануари или февруари следната година. Бесими со став дека во моментов има доволно средства за вакцината.

Премиерот Зоран Заев, рече дека проекцијата на Владата е 800 илјади вакцини, посочувајќи дека ако има потреба за повеќе, ќе бидат обезбедени дополнителни средства.

Северна Македонија е во КОВАКС-системот преку кој се резервирани вакцините. Досега, вкупно 184 земји учествуваат во инструментот Ковакс, од кои 92 се земји со низок и среден приход, квалификувани за пристап до вакцини за Ковид-19 во рамки на т.н. „Заложба за напредување на пазарот“. Минатата недела, производителите на вакцината „Фајзер“ и „Бионтек“ известија дека нејзината ефикасност е над 90%, што било докажано со тестирање на 43.500 доброволци.
Од компанијата „Фајзер“ изјавија дека животот може да се врати во нормала дури следната зима и дека вакцината може да ја преполови преносливоста на вирусот, што ќе придонесе за „драматичен пад“ на бројот на пријавени случаи.

.

Извор: ТВ21