4NEWS.mk

Денеска се празнуваат светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

Денеска се празнуваат светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

Православните верници денеска, 23 ноември, односно 10 ноември според стариот календар, го одбележуваат споменот на светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј, кои припаѓале на Седумдесетте апостоли.

Според црковното предание, Ераст најпрвин бил економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт бил епископ во Бејрут и, и покрај страдањата, многумина ги придобил кон христијанската вера.

Родион бил следбеник на апостолот Петар. Заедно со свети Олимп пострадал во времето на царот Нерон, кога, според житието, биле обезглавени.

Сосипатар бил епископ во Иконија, а Терциј бил вториот епископ во истиот град.

Покрај денешниот празник, споменот на Родион, Сосипатар и Терциј се одбележува и на други датуми во црковниот календар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни