62 луѓе побарале амнестија за „27 април“, сè уште не се знае кој ќе одлучува по барањата

-На полноќ истекнува рокот од пет дена, во кој околу 70 учесници во настаните од 27 април во Собранието, можат да достават барање за амнестија. За терористичко загрозување на уставниот поредок или поттикнување, обвинети се вкупно 33 луѓе. 27 од нив веќе побарале амнестија, а еден обвинет изјави дека нема да поднесе барање за амнестија

Другите 35 барања се поднесени од обвинети или осудени лица, или пак луѓе кои се поврзани со настаните од 27 април.

Се вчитува...

Освен Јане Ченто, кој го извести судот дека нема да бара амнестија, неколку дена претходно пред судечкото тело, ваква одлука донесе и обвинетиот Игор Југ, но сепак вакво нешто сѐ уште не е потврдено. И оперскиот пејач, Игор Дурловски, на својот Фејсбук профил напиша дека нема да бара амнестија, туку дека својата невиност ќе ја докажува пред Судот. Неофицијално се дознава дека и Душко Лазаров одлучил да не бара помилување. Пратениците вмешани во крвавите настани кои побарале амнестија се: Крсто Муковски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов.

-Откако ќе заврши поднесувањето на барањата за амнестија, Обвинителството мора до Судот да достави мислење за секое барање посебно. Потоа, Судот ќе одлучи кој ќе биде поминувал, а кој не.

Откако Судот ќе добие мислење од Обвинителството, во рок од 5 дена треба да ги разгледа барањата и да утврди дали ги исполнуваат условите за амнестија. Секако, мислењето на Обвинителството не е пресудно при носењето одлука на Судот. Од друга страна, сѐ уште е неизвесно кој од Судот ќе одлучува по барањата за амнестија – Кривичниот или Судечкиот совет. Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, вели дека за оние за кои сѐ уште нема започнато судската постапка, треба да одлучува Кривичниот совет, но за предметите кои се во тек, надлежноста ја има Судечкиот совет, на чело со Добрила Кацарска, истовремено и судијка на предметот „27 април“. Со законот за амнестија е предвидено да нема амнестија за организаторите, осмислувачите и напаѓачите во настаните од 27 април. Сепак, секој обвинет има право до полноќ да поднесе барање за помилување.

Од Кривичен информираат дека ќе бидат земени предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат доставени до Судот по пошта. Сите оние, чие барање за амнестија ќе биде одбиено имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21