66 жени убиени за 10 години во Македонија – две биле деца од 5 до 14 години

Фрапантни се податоците за убиени жени во Македонија за последните 10 години. 66 жени трагично завршиле, алармот го вклучи денешниот случај во Скопје за што експертите велат дека можело да се спречи ако жртвите навремено го пријавеле насилството кое го трпеле во домот.

Анализата на 4NEWS.mk со официјални податоци од Државниот завод за статистика покажа дека најмладите жртви биле две деца од 5 до 14 години. Најголема е бројката на жртви од 75 или повеќе години.

Вкупно 0-6 дена 7-27 дена 28 дена до 1 месец 2-11 месеци 1-4 5-14 15-24 25-34 35-44 45-54 55-64 65-74 75г. и повеќе
7 1 1 1 4
7 1 1 1 1 1 2
6 1 1 3 1
9 1 3 1 1 2 1
6 2 3 1
5 1 1 2 1
9 1 2 3 1 2
9 1 2 1 2 1 2
4 1 1 2
4 1 1 1 1

 

Истражувањата на Националниот совет за родова еднаквост откриваат дека фемицидот односно убиство на жена е честа појава во државата и секогаш претходел период на насилство, за кој жртвите молчат.

„Досегашните истражувања, за ниту еден случај во нашата држава што е „фемицид“, не е пријавен. Тоа значи дека не може да се излезе во пресрт на нешто за кое што се ќути и не е пријавено. Секогаш кога се премолчува, катастрофален е крајот. Ниту еден случај од „Фемицид“ во сите овие изминати години, како и овој, не е никогаш пријавен“, изјави Савка Тодоровска, Претседател на Национален совет за родова еднаквост.

Граѓанскиот сектор апелира и ги охрабрува жените кои трпат насилство, тоа да го пријават. Појаснуваат дека домот каде што жените треба да се најбезбедни, секогаш е местото каде насилникот посегнува по нивниот живот.

„Жртвите, премолчувајќи го насилството, сметајќи дека на тој начин ќе го решат проблемот, тој се наталожува и станува се поголем и на крајот, резултатот е грозоморен како и во овој случај на „Рузвелтова“, што покажува уште еднаш дека било каков вид на семејно насилство, треба да се пријави“, вели Тодоровска.

Најновите законски измени пак предвидуваат, фемицидот и родовото насилство да се впишат како нови кривични дела.

Најновите законски измени пак предвидуваат, фемицидот и родовото насилство да се впишат како нови кривични дела.

Поврзани вести

spot_img

Најважното