Свет

Земјотрес со јачина од речиси 7 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Таџикистан

Земјотрес со јачина од речиси 7 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Таџикистан

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала погоди делови од Таџикистан рано наутро во четвртокот. Првичната информација од ЕМСЦ беше дека земјотресот е со јачина од 7,1 степен по Рихтер.

Според американскиот геолошки институт, тој бил регистриран во близина на најзападниот регион Ксинџијанг во Кина, на длабочина од 20 километри.

Според податоците на кинескиот мрежен центар, земјотресот бил со јачина од 7,2 степени и длабочина од 10 километри. Нема извештаи за жртви или значителна материјална штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни