Неколкумина загинаа по земјотрес на индонезискиот остров Суматра. Земјотресот бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Тој беше регистриран во петокот, на околу 66 километри северно од градот Букитинги. Ова го покажуваат податоците на Американскиот геолошки институт, пренесе euronews.
Загинаа 7 лица, меѓу кои и две деца. Земјотресот уништи и десетици куќи и згради во близина на епицентарот. Повеќе од 5.000 луѓе ги напуштија своите домови и однесени во привремени засолништа.
Дукорита Карнавати, шеф на индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика, изјави дека нема опасност од цунами, но предупреди на можни последователни потреси. Земјотресот бил забележан и во блиските Малезија и Сингапур.
Да потсетиме, Индонезија беше погодена од земјотрес со слична магнитуда во јануари . Во западната провинција Сулавеси загинаа најмалку 105 луѓе, а беа повредени речиси 6.500.