7 НАЈОПАСНИ ПАТИШТА ВО СВЕТОТ: Овде поминуваат само најхрабрите! (ФОТО)

Веројатно барем еднаш во животот ви се случило да наидете на автомобил на патот на кој сте кажале „Никогаш повеќе вака“. Но, ако мислевте дека некој рурален пат во нашата земја или регион треба да ја понесе титулата за најлош, тогаш не сте слушнале за овие 7:

Трансфагарасан – Романија

Патот се наоѓа во центарот на Карпатите, а се издига до 2034 метри. Тој е познат по своите спектакуларни глетки.

Тјанмен, планински пат – Кина

Овој пат е долг 10 километри, а се состои од 99 остри и опасни кривини.

Сент Готард – Швајцарија

Готард е еден од највисоките и најпредизвикувачките планински патишта и се наоѓа на швајцарските Алпи. Долг е 64 километри и изобилува и со диви животни и со неописливо убава природа која на возачите им дава магичен поглед.

Мостот Ешима Охаши – Јапонија

Иако не е класичен пат, туку мост, Ешима Охаши е многу опасен за премин. Тој ги поврзува Мацуе и Сакаименто. Долг е 1,7 километри и широк 12 метри. Неговата висина е корисна бидејќи им овозможува на бродовите слободно да се движат.

Далтон – Алјаска

Патот долг 666 километри е речиси сигурно најснежниот и најледениот пат во светот. Поврзува три села и, како што велат, патувањето низ оваа ледена држава само го прави уште повозбудливо.

Тунел Гуалианг – Кина

Изграден по уривање на претходно користениот пат, овој тунел долг 1.200 метри поврзува неколку мали села во областа. Иако кинеските планински патишта се познати по тесните премини, овој пат е можеби апсолутен победник во категоријата тесни и опасни премини.

Кавказ – Русија

Овој кривулен пат ги поврзува Ритските езера и градот Сочи, а минува низ импозантните и прекрасни планински масиви во регионот. Сепак, самото движење по патот е морничаво и застрашувачко, бидејќи е познато по кривините и падини.