Во Хрватска за 24 часа се регистрирани 2.900 новоинфицирани со коронавирус, а 75 пациенти починаа, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош на видео средбата со премиерот Андреј Пленковиќ.
Според index.hr, Берос проценил дека ова се „повторно многу високи бројки“ и нагласил дека бројот на тестови во последните 24 часа е 9.668, а бројот на лица во самоизолација е 46.830, додека 2.358 пациенти биле хоспитализирани во понеделникот.
loading...
Ова е голем товар за здравствениот систем, кој само благодарение на претходните подготовки успева да одговори на ваквите барања, рече министерот за здравство и истакна дека е многу важно да се намали бројот на новозаболени лица со новите воведени мерки.