Свет

76 луѓе беа спасени откако брод почна да тоне во близина на Трст

76 луѓе беа спасени откако брод почна да тоне во близина на Трст

Италијанската крајбрежна стража спасила 76 лица, меѓу кои и четворица членови на екипажот, откако бродот „Аудас“ почнал да испушта вода и да тоне на патот од Градо кон Трст.

Бродот се соочил со проблеми во лагуната Градо, а властите во спасувачката мисија ги ангажирале крајбрежната стража, полицијата и противпожарните бригади, јавува Анса.

Надлежните нешто пред пладне добиле повик за помош, а причините за истекувањето на водата сè уште се нејасни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни