Македонија

Облачно и дождливо време, следува пад на температурите и нова снежна покривка

Облачно и дождливо време, следува пад на температурите и нова снежна покривка

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Под влијание на циклонска активност до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север во деновите од викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни