84-годишен старец вози без дозвола од својата 12-та година

Во англискиот град Нотингем, Нотингемшир, полицијата приведе 84-годишен маж кој од 12-годишна возраст управувал автомобил без возачка дозвола, објави Метро.

Полицијата му го запрела автомобилот на паркингот на супермаркетот. Се испоставило дека возачот возел без дозвола од својата 12-та година, но за 72 години никогаш не бил запрен, ниту проверен.

Пензионерот рече дека секогаш бил внимателен на патиштата, никогаш не влегувал во сообраќајни несреќи и не создавал вонредни ситуации.

Не е јасно каква казна ќе добие пензионерот, но полицијата предупреди дека во Нотингем има повеќе камери и на прекршителите ќе им биде тешко да се сокријат. Тие ги советуваа сите возачи пред тргнување да проверат дали имаат возачка дозвола и други документи.

Претходно беше објавено дека сообраќајната полиција во англиската област Вилтшир запрела 55-годишна жена и била шокирана кога дознала дека 38 години управувала автомобил без возачка дозвола. Taa призна дека научила да вози на училиште.