9 тендери, тешки 300.000 евра добила агенцијата „Еден на еден“ од Влада, Лотарија, Финансии, УЈП…

Kомпанијата „Еден на еден”, во сопственост на водителот Жарко Димитриевски, само во текот на оваа година добил околу 300.000 евра владини пари, открива порталот Експрес.

Според порталот Јавни набавки, фирмата на Димитриевски „Еден на еден“ ДОЕЛ добила 9 тендери од различни институции во висина од 18 милиони денари или 300.000 евра.

Меѓу владините институции и компании кои му дале тендери на Димитриевски се и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи.

Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација”.

Оваа агенција ја реализираше и кампањата за „Вакцинација“ која според наши анализи за кои претходно веќе пишувавме не вроди со никакод плод.