Македонија

Турската демократска партија во земјава одбележа 30 години

Турската демократска партија (ТДП) со свечена програма ја прослави својата 30-годишнина од основањето, а на свеченоста присуствуваа техничкиот премиер, Оливер Спасовски, претседателот на ТДП, Бејџан Илјас, почесниот претседател на ТДП, Кенан Хасип, потпретседателите, членовите на партијата, високи функционери и многу други гости.

“Ние ја одбележуваме 30-годишнината на Демократскиот сојуз на Турците, која е основана во јули 1990 година, која порасна во политичко движење. Потоа, Демократскиот сојуз на Турците во 1992 година се трансформира во Демократска партија на Турците, рече претседателот на ТДП, Бејџан Илјас.

Истакнувајќи дека организирале програма за оние кои вложиле големи напори во партијата, Илјас нагласи дека е важно што заедно на едно место се собрани и возрасните и младите за да го одбележат, како што рече, овој важен датум.

Поради новиот вид коронавирус, програмата се организираше на отворено со почитување на мерките за социјална дистанца. Исто така, прикажано беше и видео со активностите на ТДП во изминатите 30 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни