Со насмевка се вратија во 40-тите години, кога двајцата излегле да гласаат за првпат. Во тоа време, како што раскажуваат Владимир и Љубенка се гласало со топчиња кои биле во разни бои.
Не се сеќаваат колку пати гласале до сега, но со сигурност знаат дека во услови на пандемија гласаат првпат. Денеска, правото на глас го остваруваат од Домот за стари лица каде живеат веќе две години. Им порачуваат на граѓаните независно од возраста да излезат и да гласаат.
Во Домот за стари лица „Терзиева“ престојуваат околу 70 стари лица, а денеска гласаа само 20 од нив. Од Општинската изборна комисија велат дека на неколкумина од нив им истекла важноста на личната карта, а некои пак не пројавиле интерес за гласање. Инаку, гласањето беше организирано во двор, запазувајќи ги пропишаните заштитни мерки.
Старите лица, на предвремените парламентарни избори гласаат на вториот ден. Од ДИК информираат дека денеска за гласање се пријавиле 357 лица од 17 старски домови.
.