Во 7 часот утрово беа отворени избирачките места на територијата на земјата, и со тоа официјално почна гласањето на предвремените парламентарни избори.
Гласањето се одвива под строги здравствени протоколи. Задолжително е носење на маска на која ќе нема никакви партиски симболи, држење дистанца и задолжителна дезинфекција на рацете.
Вчера гласаа болните, изнемоштените и затворениците, а во понеделникот своето право на глас го искористија заразените со Ковид-19 и оние кои се во изолација.
Избирачките места се затвораат вечерва во 21 часот.
Сите информации и настани поврзани со изборите, следете ги во живо на нашата телевизија. Ќе имаме вклучувања од нашите репортери на терен, а секогаш најнови информации на нашата интернет страница и на нашите социјалните мрежи.
.