Државната изборни комисија ги соопшти резултатите од излезноста до 17 часот на денешните избори.
Вкупно гласале 38,78%, или 703.552 гласачи.
По изборни единици, излезноста е следна:
ИЕ1 – 41,07%
ИЕ2 – 36,98%
ИЕ3 – 43,87%
ИЕ4 – 43,99%
ИЕ5 – 38,22%
ИЕ6 – 29,6%
Претседателот Оливер Деркоски соопшти дека гласањето се одвива во нормален тек, со спорадични инциденти.
„Изборниот ден поминува со мали спорадични инциденти, но во најдобар ред, се решаваат сите прашања кои се наметнуваат, и во целина можеме да бидеме задоволни, со оглед дека овие избори се специфични и во специфични околности“, рече Деркоски на прес-конференцијата.
.