Претседателот на Владата, Оливер Спасовски на денешната прес конференција порача дека пред нас следува период на целосно формирање на функционални институции кои со полн капацитет ќе се грижат за здравјето на граѓаните и втората стратегиска цел – европските интеграции.
„Граѓанската волја мора час поскоро да биде преточена во легитимни институции – ново Собрание и Влада. Очекувам од ДИК да даде придонес во тој процес, граѓаните очекуваат резултати од изборите, ДИК е должна да излезе и да ги соопшти“, напомена Спасовски.
.