Македонија

Променливо облачно и нестабилно

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурата,на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 23 степени.

Локална нестабилност ќе има и во недела, а од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни