Македонија

По синоќешните забави, Филипче итно бара да се спроведе истрага и соодветна санкција

Откако на социјалните мрежи синоќа се споделуваа фотографии од забави по ноќни клубови, реагираше и Министерот за здравство, Венко Филипче.

“Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано”, напиша на Фејсбук министерот Филипче.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни