Македонија

„Жените можат повеќе“ – од 120 пратеници, 43 се жени кои ќе седнат во Собранието

Доколку мандатите се поделат според родот, во сите изборни единици постојат значителни разлики особено во ИЕ 6 каде од 14 пратенички мандати, само 6 им припаднале на жени.

Во новиот парламентарен состав СДСМ ќе биде застапен со најмногу жени, вкупно 41.3%, а 58.7% мажи. ВМРО-ДПМНЕ има 38.6% жени а 61.4% мажи во Собранието. Од 15 мандати на ДУИ, 26.7‘% се жени а 73.3% мажи. Во АА и Алтернатива, жените се застапени со 25% а мажите со 75%. ДПА и Левица немаат ниту една жена имајќи предвид дека освоија по еден мандат, ДПА 1 и Левица 2.

Илире Даути за прв пат ќе седне на пратеничко столче од АА. Таа вели дека во земјава се уште не е извлечено најдоброто од тоа што всушност може една жена во оваа држава.

И Љатифа Шиковска од невладиниот сектор ќе влезе во Собранието. Таа вели дека ќе работи на креирање политики кои најпрво ќе им помогнат на Ромите.

Мерита Коџаџику е една од 4 жени од редовите на ДУИ кои ќе го кренат гласот за правата на жените во Собранието.

На парламентарните избори 2020 од 120 пратеници, 43 се жени, што значи дека застапеноста на мажите и двојно повисока.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни