Македонија

Шекеринска и Димитров на средба со Брнз и Жбогар за можните политички опции за задржување на евроинтегративниот курс

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Никола Димитров и националниот координатор за евроинтеграции Бојан Маричиќ, денеска остварија средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Самуел Жбогар и амбасадорката на САД Кејт Брнз, на која разговараа за резултатите од изборите, заклучувајќи дека тие беа успешно спроведени и претставуваат голема потврда на европскиот и евроатлантскиот пат.

Соговорниците, како што соопшти МНР, разговарале за пост-изборниот амбиент и можните политички опции за задржување на евроинтегративниот курс.

Тие се согласиле дека императивот на наредната влада треба да биде континуитетот на тој пат, како и посветеноста на владеењето на правото, економскиот развој и понатамошните реформи.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни