Македонија

Освен Левица, ДПА и Алијанса за Албанците, сите други ги подигнаа уверенијата за пратеници

Денеска во Државната изборна комисија се одржа свечена седница на која беа доделени уверенијата на избраните пратеници.

Освен Левица, ДПА и Алијанса, сите други партии пристигнаа во ДИК и ги подигнаа уверенијата за пратеници.

Имено, од партијата Алијанса за Албанците се појави претставник, но бидејќи немаше овластување не му беа доделени мандатите.

Претходно, во 11 часот на јавна седница на Државната изборна комисија беа објавени конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни