Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

54-годишна советничка на општина Крушево ја изгуби битката со коронавирусот

54-годишна советничка во општина Крушево почина од коронавирус.

Оваа вест е потврдена од страна на градоначалникот на општина Крушево, Томе Христовски кој на својот Фејсбук профил додава дека секогаш ќе го паметат придонесот на Агапи Чункоска.

„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот.Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот“, посочува Христовски.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни