Македонија

Поставени шатори за пациенти пред Инфективното одделение во струмичката болница

 Општинската организација на Црвен крст Струмица, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, постави два шатори пред Инфективното одделение во струмичката болница за пациенти кои се позитивни или суспектни на коронавирусот.

– Шаторите се поставени со цел граѓаните и пациентите кои имаат потреба од лекување на ова одделение за време на зимскиот период да чекаат заштитени од временските неприлики, а воедно да се зачува и социјалната дистанца на лица позитивни и суспектни на вирусот Ковид-19, велат од струмичкиот Црвен крст.

Додаваат дека и оваа активност е дел од вкупните активности на организацијата за превенција и справување со пандемијата од вирусот. 

The post Поставени шатори за пациенти пред Инфективното одделение во струмичката болница appeared first on TV21.mk.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни