Македонија

Богојески: Мицкоски или Македонија? Време е Мицкоски да покаже дали е вистински патриот!

Мицкоски или Македонија?!? Единствен начин да ја ослободиме Македонија од владеачката гарнитура на чело со Зоран Заев е само ако Христијан Мицкоски се тргне од ВМРО ДПМНЕ. Буквално ако денес Мицкоски не е лидер на таа партија, за 6 месеци Заев нема да биде ниту премиер, ниту лидер на СДСМ.

Сега е вистински момент за Мицкоски да покаже дали е вистински партиот кој би ги ставил интересите на државата и народот пред личниот интерес по секоја цена да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Комодитетот на Мицкоски или Македонија? Ајде да видиме колку ја сакаш Македонија.

Вчера на протестот без луѓе, организиран од Мицкоски, во присуство на “левата секта”, Мицкоски не повика нас десничарите да сме го поддржеле во борбата за Македонија. Ок бре Христијане, еве те поддржуваме, веруваме во тебе и ти кажуваме, дај заедно да ја спасиме Македонија од Заев. Поднеси си оставка, ти или ние не сме битни, битна е Македонија, ќе ја реорганизираме опозицијата за еден месец и Заев е минато за 6 месеци од денес.

Христијан или Македонија? Ајде избери патриоту голем!

Интегрално соопштение испратено од Македонски концепт

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни