Актуелната пратеничка и поранешен кандидат за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Дафкова, вели дека не може да се расправа за идентитетот, историјата и јазикот на една држава.
„Не мислам дека тоа беше директно кажано дека веднаш треба да дојде господинот Борисов да се поклони, тоа е асоцијација бидејќи честопати се споменуваат односите на Германија со Франција, па ако сакате и со Полска, многу слични се овие на Полска со оние на тогашната бугарска власт кон окупираната територија. Веројатно тоа што го направи Вили Бранд, навистина беше голем потег бидјеќи извинувањето отвори пат за помирување. Не верувам дека сега е моментот за тоа и дека господинот Борисов ќе го направи тоа, но верувам во нешто друго. Верувам во европските вредности“, истакна Силјановска Давкова.
Таа во гостување на ТВ Сител додаде дека европските вредности кажуваат дека се во корелација со оние на Обединетите Нации со Повелбата, врзани со правото за самоопределување, Лисабонскиот договор кои силно го афирмираат почитувањето диверзитетот на членките.