Опозицијата предложи над 2.000 амандмани за измените кои треба да се направат во собранискиот деловник. Се очекуваше Комисијата за деловничко-имунитетни прашања да го разгледа и поддржи предлогот на Талат Џафери за онлајн вклучување на пратениците заразени од ковид. Но пред тоа, ќе мора да се почека службите да ги подготват и преведат сите амандмани поднесени до почетокот на комисијата.
ВМРО ДПМНЕ бара дебатата за функционално Собрание да се одвива во рамките на дијалогот Жан Моне.
Коалиционата алијанса за Албанците и Алтернатива смета дека со предложените измени парламентарното мнозинство го враќа груевизмот во земјата.
Парламентарното мнозинство ја обвинува опозицијата за опструкција.
Минатата недела, во отсуство на опозицијата, парламентарното мнознство со 61 глас ја утврди потребата од менување на Деловникот по скратена постапка. Предлагачот, спикерот Талат Џафери, објасни дека онлајн ќе може да се вклучат само пратениците со решение за изолација.