На средбата со професорот Апасиев слушавме неколку македонски народни песни во кои се опеани и некои контроверзни, но значајни ликови од левицата и десницата на Организацијата, објави попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев. Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам. Со кафето ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен а богами и контраверзен текст“, напиша Генерал Стојанче Ангелов на Фејсбук.
Ова следува по јавната прозивка од страна на Апасиев.
