ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протести со движење на колони возила низ улиците на 11 градови во државата. Иако, главно, се протестира со автомобили кои во колони се движат низ градските улици, има и групирања на повеќе од четири лица.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во видео обраќање ги повика сите граѓани без разлика на партиската и етничката припадност утре да учествуваат во блокадата на Скопје од 12:30 до 14 часот за да испратат гласна порака против погрешните политики на „политичкиот аматер“ Зоран Заев во односите со Бугарија.
Опозицијата за утре најави блокади пред Владата и МНР од 12.30 до 14 часот. ВМРО-ДПМНЕ во соопштението на кое повикува на протест го повикаа Заев да објави пред македонската јавност за што тајно се преговара во Софија овие денови.