Македонија

Али Ахмети стана доктор на Универзитетот во Тетово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети стана почесен доктор. Државниот универзитет на Тетово му го додели признанието почесен „Доктор Хоронис Кауса“, објави Наставно-научниот совет на правниот факултет.

-Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети, гласи во соопштението.

Комитетот за доделување на признанието е составен од професорите Вулнет Амети како претседател и Шезаи Рокај и Арсими Бајрами како членови.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни