48 часа доцни статистиката за коронавирус во Македнонија. Министерството за здравство, овие податоци на дневна основа ги дистрибуираше до медиумите, но вечерва иако е речиси полноќ, се уште нема податоци.
Дали станува збор за голема бројка на заразени, па потребно е време да се обработат податоците или пак има некаков проблем, засега нема официјални информации.
Доцна вечерва реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во испратеното соопштение до медиумите, велат министерот да не си игра математика со бројките.
„Што крие Филипче? Што прави Филипче, мести бројки, си игра математика?! Филипче тоа не се бројки, тоа се нечии браќа, сестри, мајки, татковци, роднини… Зошто не се објавуваат бројките на новозаболени во последното деноноќие, бројот на оздравени и бројот на починати? Филипче само продолжува со својата подмолна политика, со лаги, грижа за сопствени интереси“, се вели во испратеното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.