Македонија

Одлични вести! Секој кој работи со коронавирус во декември ќе добие парична награда, најави министерот Филипче

„Со ребалансот на буџетот, добивме 100 милиони денари, уште толку дополнителна сума од Светска банка. Таа сума ќе им биде поделена на сите кои работат со пациенти со ковид. Од лекари, болничари, транспортери, како награда во ова борба“, рече Филипче.

Вака најави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Ковид координаторот на Инфективна клиника, Сабри Азири се вклучи во дебатата во „Клик Плус“ на ТВ21 со директорите Докиќ и Стевановиќ, и министерот Филипче.

„Јас како координатор работам 24-7, бидејќи сум достапен за нашите пациенти. И така ќе издржиме до кога е потребно, само да ги услужиме нашите пациенти. На почеток имавме состанок со сите главни сестри на Клинички, и горд сум што како никогаш досега сите сме сплотени, и излегоа во пресрет да пратат сестри, болничарки. Во исто време и во ковид центрите, ние праќаме лекари“, рече Азири кој ја истакна одличната координација и поддршка со сите Клиники и здравствените власти.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни