Македонија

Опозицијата повторно на улица! Протести во 15 градови ширум државава

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протести пред Владата и Министерството за надворешни работи како и во други 15 града.

Протестот пред Владата и Министерството за надворешни работи ќе започне во 15 часот, додека пак протестите низ 15 градови (Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид) ќе започнат во 18 часот.

ВМРО-ДПМНЕ протестира од четвртокот, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарски медиум.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни