Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија – епицентарот во Скопје

Земјотрес со јачина од 3,5 степени го погоди Скопје попладнево.

„Земјотресот кој што се случи во 14 часот и 9 минути го регистрираа апаратите на сеиозмолошката опсерварторија при ПФМ. Епицентарот е во скопското подрачје, и со магнитуда од 3,5, а граѓаните на Скопје го почувствуваа со 4 до 5 според Европската макросеизмичка скала. Освен мала вознемиреност, не придонесе материјални штети“, рече Драгана Черних од сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Точно три недели по последниот земјотрес во дебрско – мавроврскиот регион, денеска нов, со уште еден последователен. Стана пречесто да се тресе тлото на Македонија, но и на регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни