Македонија

Вархеји: Македонија да излезе во пресрет на загриженоста на Бугарија

Според Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји шансите се мали, иако Европската комисија и германското претседателство со ЕУ сè уште работат со земјите-членки во обид да се најде решение за старт на преговорите со Скопје и Тирана.

,,Во поглед на Македонија и Албанија, морам да признаам дека се уште имам надеж, но се помалку надеж дека ќе успееме да ја донесеме таа одлука годинава, да ја утврдиме преговарачката рамка за двете земји. Но, вложуваме многу енергија со германското претседателство да се обидеме тоа да се случи. Да ја искористам приликата која ја имам пред парламентите кои учествуваат во оваа дебата, директно или индиректно да ни помогнат да постигнеме решение за ова, затоа што мораме да донесеме решение по ова прашање, во спротивно Европската Унија го ризикува кредибилитетот доколку да не го испорача даденото ветување кога ги започнавме преговорите со двете држави. И исто така, Македонија треба да направи дополнителни напори да излезе во пресрет со бугарските стравувања и да се обиде да најде решение кое е еднакво прифатливо за двете земји, рече еврокомесарот за соседска политикаи проширување.

Вархеји оцени дека регионот бележи напредок, но оти има уште многу да се сработи на внатрешните реформи, регионалната соработка и зајакнување на економиите.

Еврокомесарот за проширување порача дека регионалната соработка и добрососедските односи

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни