Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година.
Во делот „најлоши моменти“ од анализата на работата на Вархеји се наведува блокадата од Бугарија пишува дека блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство со Северна Македонија, поради билатерален спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. „Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вархеји е критикуван дека е многу понаклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина“, пишува во анализата.
Вархеји исто така е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина, додава „Политико“.
Според анализата на „Политико“, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и Северна Македонија е германското претседателство, а не Вархеји.
-Се додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната, пишува „Политико“ во анализата на работата на еврокомесарите.