Министерот за здравство Венко Филипче има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот, кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.
На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19, како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.
Македонија со 887 смртни случаи на еден милион жители се искачи на 7. место по смртност од коронавирусот на еден милион жители и прва во регионот. На црната ковид листа по Македонија од регионот на 10. место е Босна и Херцеговина со 859 починати, а Црна Гора е на 14. место со 822.
