Македонија

ВИДЕО: „Да живее Зоран Заев“, извика портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на протест против Заев

На протестот организиран вчера пред зградата на Владата, свое обраќање имаше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

На крајот од својот говор тој рече „Да живее Зоран Заев“, а после тоа ги запраша присутните зошто не слушнал реакција, за потоа да каже дека сака да го гледа жив Зоран Заев како заврпува во затвор.

Изјавата на Арсовски предизвика лавина од реакции по социјалните мрежи и медиумите.

Арсовски потоа се обрати преку Фејсбук, признавајќи дека направил грешка.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни