Македонија

УХМР издаде метео предупредување: Обилни врнежи од пороен дожд, доаѓа и снег

Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, денеска кон крајот на денот и во понеделник ќе има пообилни врнежи од дожд, а на места ќе бидат и поројни (над 35 л/м2).

Во понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 08.12.2020
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Сончево со умерена облачност, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 09.12.2020
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни