Полицијата во Њујорк синоќа доби дојава за пет бомби во седиштетот на Си-Ен-Ен, со што беше евакуирана зградата на оваа телевизија, и програмата беше во прекин нешто повеќе од еден час.
Полицијата ја блокираше и целата улица пред седиштето на познатата телевизија, додека во зградата група пиротехничари го прегледуваа секој дел, и на крај заклучија дека дојавата била лажна.
Си-Ен-Ен извести дека не е најдено ништо, а полицијата истражува од каде стигнала оваа лажна дојава која предизвика само паника.