Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за „Канал5“ рече дека ги поддржува своите македонски сонародници во спорот со Бугарија и се надева дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивните проблеми.
„Ние ги поддржуваме нашите македонски сограѓани во овој многу важен процес и мислам дека бугарската страна ќе земе предвид во овие важни процеси. Ние веруваме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни проблеми, бидејќи ако Балканот замине во историјата, ние навистина ќе мора да изградиме нов Балкан.
„За нас е од голем интерес да не го пропуштиме чекорот за членство во Европската унија“, рече Ахмети.