Македонија

Македонија влезе во рецесија

Македонската економија и официјално е во рецесија откако за два последователни квартали Државниот Завод за статистика објави пад на бруто-домашниот производ (БДП). Проекциите на Народната банка се дека последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021, а целосно закрепнување може да има во 2022 година.

Денеска и Народната банка ги смени проекции за македонската економија на полошо. Претходно прогнозираше дека годинава БДП ќе бележи пад од 3,5%, а наредната година ќе има раст од 4,7%, но според новите полоши проекции, се предвидува пад од 4,9%, а раст в година од 3,9%.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни